Прашања

Како да се регистрирам на http://e-aukcii.ujp.gov.mk?

За да се регистрирате на http://e-aukcii.ujp.gov.mk потребно е да направите свој кориснички профил во одделот за регистрација. Потполнете ги сите задолжителни полиња со бараните информации. Крајниот чекор од регистрацијата е потврда за согласност за користење на веб сајтот според пропишаните услови.

Ја заборавив лозинката. Што да направам?

Доколку сте ја заборавиле вашата лозинка кликнете на полето Заборавена лозинка, и внесете ги бараните информации. Информација за промена на лозинка ке добиете на вашата e-mail адреса.

Дали треба да се регистрирам секој пат при посета на web сајтот?

Не треба да се регистрирате секој пат при посета на сајтот. За пристап до вашиот профил треба само да се најавите. Основните информации на страната може да се разгледуваат и без најава.

Дали постојат некои совети за забрзување на регистрацијата на http://e-aukcii.ujp.gov.mk?

Процесот за регистрација на http://e-aukcii.ujp.gov.mk е поприлично лесен. За забрзување на регистрацијата и дополнително олеснување на корисниците при овој процес додадовме опаѓачко мени од каде што може лесно и брзо да се изберат некои од понудените опции. Информациите вклучени во опаѓачкото мени обезбедуваат информации за град на живеење и земја на живеење.

Дали се заштитени моите лични информации?

За обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, се применуваат организациски и технички мерки согласно Правилниците за заштита на податоци на Управата за јавни приходи.

Јас сум личност која би сакала да ги постира или продаде своите лични предмети преку http://e-aukcii.ujp.gov.mk. Дали е тоа можно?

Продавање на лични предмети од индивидуални лица на http://e-aukcii.ujp.gov.mk не е возможно. Овој веб сајт служи само за објавување и продавање на движен и недвижен имот кој е запленет во постапка на присилна наплата од страна на Управата за јавни приходи на Република Македонија, а бил сопственост на даночните должници.

Дали можам да користам иста е-маил адреса при регистрација за фирма односно физичко лице?

Не, со истиот е-маил можете да направите или индивидуален профил или профил на фирма за електронски аукции.

Колку изнесува депозитот?

Според член 151 и 155 од Законот за даночна постапка депозитот се депонира на депозитната сметка на Управата за Јавни Приходи во висина од 10% од утврдената почетна вредност на недвижноста.Трезорска сметка на Министерството за финансии 100000000063095. Депозитна сметка на УЈП 0900515679-696-10, приходна шифра 725939, програма 20.

Која цена треба да ја постигне некој продукт за да биде продаден на http://e-aukcii.ujp.gov.mk?

Според Законот за даночна постапка , за еден предмет да биде продаден треба да постигне најмалку половина вредност од проценетата цена.

Дали постои документ кој се издава за извршено купување преку електронските аукции на купувачот и должникот?

Постои таков документ. Должникот во присилна наплата и купувачот добиваат потврда за извршена продажба и продажна цена.