Совети
Внесување на точни лични информации
Задолжително е внесување на точни лични информации. За давање на лажни лични податоци одговорноста ќе биде на ваш терет.
Безбедност
За обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, се применуваат организациски и технички мерки согласно Правилниците за заштита на податоци на Управата за јавни приходи.
Заштита на лична лозинка
Вие сте одговорни за одржување на Вашето корисничко име и лозинка, и ја превземате одговорноста за сите активности или евентуални штети кои може да се јават од Вашиот профил.
Ако имате причина да верувате дека некој го користи Вашиот профил без дозвола, треба да контактирате со нас веднаш, затоа што во спротивно ние нема да бидеме одговорни за било каква загуба или оштетување предизвикано од вашиот неуспех да не известите за неовластена употреба.