Правила
Регистрација
За да се регистрирате на http://.e-aukcii.ujp.gov.mk потребно е да направите свој кориснички профил во одделот за регистрација. Потполнете ги сите задолжителни полиња со бараните информации. Крајниот чекор од регистрацијата е потврда за согласност за користење на веб сајтот според пропишаните услови.
Секој регистриран корисник во Систем за електронски јавни аукции самиот си доделува корисничко име, кое важи за целото времетраење на користењето на системот, со можност за менување на лозинката што самиот ја внел.
За обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, се применуваат организациски и технички мерки согласно Правилниците за заштита на податоци на Управата за јавни приходи. Секое лице кое се регистрира како корисник на системот, при пополнување на бараните податоци потребни за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на системот. Системот врши шифрирање (енкрипција) на примените податоци и оневозможува дешифрирање (декрипција) на истите. За време на спроведувањето на електронската аукција системот го оневозможува откривањето на идентитетот на учесниците на аукцијата.
Функции на системот за електронска јавна аукција
• регистрација на корисници на системот и известување за доделена шифра за учество ,
• објавување на движни и недвижни предмети на продажба со нивен опис и фото-документација;
• објавување на одговори на прашања поставувани од заинтересирани лица,
• валидација на уплати за депозит;
• одобрување на пријавените корисници за учество на електонската аукција и слободна комерцијална продажба;
• локализација на предмети;
• спроведување на електронска јавна аукција;
• спроведување на електронска слободна комерцијална продажба;
• известување за најповелен понудувач;
• известување за враќање на депозит на учесниците кои недоставиле најповолна понуда,
• овозможување пристап до модулите на системот за сите корисници : правила,мапа на сајтот,совети за безбедности упатство за употреба.
Регистрираниот корисник го користи системот за елекронска јавна аукција за преземање на следниве дејствија:
пребарување
прикачување на уплатница за уплатен депозит,
• Доставување на понуди за предметите на продажба по пат на електронска јавна аукција,
• Доставување на понуди за предметите на продажба по пат на слободна комерцијална продажба,
• Поставување на прашања во врска со постапката за електронска продажба по пат на јавна аукција или слободна комерцијална продажба,
• Добивање на известување од системот на пријавенат е- пошта од страна на системот.
Пријавување
По пребарувањето, за да учествувате на аукцијата која ве интересира, потребно е да се пријавите. Пријавувањето се прави со клик на копчето Пријави Се!
Депозит
За да учествувате на аукцијата за која сте се пријавиле потребно е да уплатите депозит најдоцна до денот кој е наведен во огласот. Тоа е услов за да добиете статус на учесник во системот. Според член 151 и 155 од Законот за даночна постапка, депозитот се депонира на депозитната сметка на Управата за Јавни Приходи во висина од 10% од утврдената почетна вредност на стварта. Трезорска сметка на Министерството за финансии 100000000063095. Депозитна сметка на УЈП 0900515679-696-10, приходна шифра 725939, програма 20
При уплата на депозитот задолжително треба да се наведе цел на дознака: уплата за депозит и да се наведе предметот со спецификација (опис) за кој ќе се наддава како и Регионалната дирекција која го објавила за продажба. Депозитот се уплаќа најдоцна до денот кој е наведен во огласот како краен термин за уплата на депозит. Уплатницата се прикачува во полето Уплати.
На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа на трансакциската сметка на учесникот на продажбата за која ја известува надлежната РД при УЈП веднаш по завршувањето на аукцијата.Во случај кога купувачот во определениот рок не го уплатил износот за кој предметот му е продаден, продажбата се огласува за неважечка а тој го губи правото за поврат на уплатениот депозит.
Наддавање
Процесот на наддавање претставува натпревар помеѓу повеќе наддавачи коишто сакаат да го купат истиот предмет. Со понудување на највисока цена Вие сте потенциалниот купувач на предметот од аукцијата. Во текот на електронската јавна аукција учесниците се објавуваат под шифрата која им е доделена од системот а на крајот од аукцијата се објавуваат нивните податоци-име и презиме, назив .Најповолниот понудувач не може да наддава веднаш по давање на својата последна понуда.Треба прво да наддава друг понудувач .
При слободната комерцијална продажба понудувчите можат да даваат повеќе понуди при што со секоја наредна се брише претходната.По истекот на времето предвидено за траење на слободната комерцијална продажба се објавува најповолниот понудувач,кој за истото ќе биде известен на неговата е-пошта.
Системот автоматски го продолжува времето за наддавање за дополнителни 3 минути, секогаш кога во последните 3 минути од времето определено за наддавање се поднесе нова цена. Системот врши континуирано автоматско продолжување на времето за дополнителни 3 минути се додека во последните 3 минути се доставува нова понуда. Електронската аукција автоматски се затвара доколку во последните 3 минути не се достави нова понуда.
Предавање на движен/недвижен имот
По завршувањето на аукцијата, доколку вие сте најповолниот понудувач на цена која е одобрена и прифатлива ќе бидете известени за тоа на вашата е-пошта.Потребно е да ја доплатите разликата во предвидениот рок со што вие сте новиот сопственик на предметот. Управата за јавни приходи ќе ве контактира и ќе ве извести како да го подигнете предметот кој сте го купиле на аукцијата на вашата е-пошта која сте ја оставиле при регистрација.
Безбедност
Доколку настане пад на серверите на системот, при што регистрираните корисници се оневозможени од учество на постапка која се спроведува со користење на електронски средства за електронска аукција, тогаш системот автоматски го продолжува рокот за поднесување понуди или времетраењето на аукцијата за период еднаков на периодот во кој што системот бил во прекин.Доколку не е можно автоматско продолжување на рокот за поднесување на понудите или времетраењето на аукцијата бидејќи истиот веќе истекол, администраторот на системот ќе овозможи:
-
продолжување на рокот за поднесување на понудите или времетраењето на аукцијата, или
-
презакажување на електронската аукција за период еднаков на периодот во кој што системот бил во прекин.
Во случај на прекин на интернет конекција или друг технички проблем со информацискиот систем на корисникот, не се продолжува рокот за поднесување понуди или времетраењето на аукциите.
Доколку од определени причини електронската порака не може да се достави до регистрираната адреса на е-пошта на одреден корисник, тогаш доставата на таа порака се смета за успешно извршена со нејзино поставување во електронското поштенско сандаче на корисникот, коешто системот го врши автоматски. За време на прием на една порака во електронското поштенско сандаче на примателот се смета времето кое се појавува како време на испраќање во електронското поштенско сандаче.